четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Првпат во британската историја: Членка на владата ќе земе породилно отсуство и ќе ја задржи функцијата, еве како било досега

Првпат во британската историја: Членка на владата ќе земе породилно отсуство и ќе ја задржи функцијата, еве како било досега

Државната обвинителка Суела Брејверман денеска стана првата членка на британската Влада која го искористува породилното отсуство, а притоа ја задржува својата работа, бидејќи во сила стапи новиот закон што го дозволува тоа.

Брејверман е британски државен обвинител и следните шест месеци ќе биде заменета во работата од една од нејзините заменички, а заменичката ќе продолжи да си ја прима платата.

Идната мајка, која го очекува своето второ дете, во видео порака на Твитер изјави дека е воодушевена што стана дел од историјата. Таа ја поздрави пресвртницата во нејзината земја и додаде дека тоа е порака за сите млади жени кои сакаат да ја продолжат својата политичка кариера.

Според претходниот закон, членовите на владата мораа да дадат оставка доколку сакаат породилно отсуство. (МИА)

Коронавирус