петок, 7. август 2020. Вести денес: 111
home Вести

Првите луѓе на СЗО му посакаа брзо закрепнување на Болсонаро и му порачаа „сите сме ранливи на вирусот“

Првите луѓе на СЗО му посакаа брзо закрепнување на Болсонаро и му порачаа „сите сме ранливи на вирусот“

Извршниот директор на Светската здравствена организација Мајк Рајан му посака брзо закрепнување на бразилскиот претседател Жаир Болсонарo, кој денеска соопшти дека е позитивен за коронаваирусот, и истакнаа дека неговата инфекција треба да послужи како пример за другите.

-Му посакуваме брзо и целосно закрепнување од оваа болест. Мислам дека пораката е за сите нас: сите сме ранливи на вирусот, рече Рајан.

Слична изјава даде и регионалниот директор на СЗО, Кариса Етиен, во разговор со директорите на Пан-американската здравствена организација, пренесува Би-Би-Си.

-Пораката е дека вирусот е непредвидлив и не ја познава расата, класата или луѓето што се на власт, и покрај мерките за безбедност околу претседателот, рече таа. (МИА)

Коронавирус