вторник, 13. септември 2022. Вести денес: 115
home Вести

Првиот претседател на Замбија примен во болница, побарал сите да се молат за него

Првиот претседател на Замбија примен во болница, побарал сите да се молат за него

Првиот претседател на Замбија, Кенет Каунда (97) е примен во болница, соопшти денеска неговата канцеларија.

Каунда побарал сите жители на Замбија и меѓународната заедница да се молат за него, додека лекарскиот тим прави се што може да тој да заздрави, пренесува Ројтерс.

Во кусото соопштение не е прецизирана болеста на Каунда, но Замбија во моменто се соочува во нагло зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19. Тој е хоспитализиран во Медицинскиот центар Маина Соко каде се лекуваат пациенти од коронавирус.

Коронавирус