вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Првичните резултати од изборите во Австралија покажуваат дека конзервативците остануваат на власт

Првичните резултати од изборите во Австралија покажуваат дека конзервативците остануваат на власт

Првичните резултати од парламентарните избори во Австралија покажуваат дека конзервативната коалиција која досега беше на власт во земјата изгледа дека ќе успее да ја задржи власта спротивно на анкетите, јавија австралиските медиуми.

Коалицијата предводена од премиерот во заминување, конзервативниот либерал кој е  скептичен кон климатските промени Скот Морисон, води според телевизијата Еј-Би-Си (АБЦ), која не прецизира дали конзервативците ќе можат да формираат мнозинска или малцинска влада.

Предизборните анкети им даваа предност на опозициските Лабуристи на левиот центар и укажуваа дека коалицијата предводена од Либералната партија нема да успее да освои трет тригодишен мандат.

Според првичните резултати, коалицијата предводена од Либералите изгледа дека е на пат да освои најмалку 73 места во Претставничкиот дом со 151 место, а опозициската Лабуристичка партија најмалку 65 места.