недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Први жртви на коронавирус во Иран, во Египет првиот заболен заздравува

Први жртви на коронавирус во Иран, во Египет првиот заболен заздравува

Две лица, првите кај кои денеска беше потврден коронавирусот во Иран, починаа во болница во шиитскиот град Ком, соопшти Универзитетот за медицински науки во тој град.

– Двајца за кои денеска беше потврдено дека имаат коронавирус починаа од респираторна инфекција, изјави претставник на Универзитетот.

Портпаролот на иранското Министерство за здравство Кијануша Џаханпура ја потврди нивната смрт на Твитер.

Тој претходно потврди дека изминатите два дена биле откриени неколку сомнителни случаи на новиот коронавирус.

Бројот на заразени од коронавирус во Кина денеска се зголеми на 74.185, а на починати на 2.004 лица.

Во Египет пак, заздравува првиот заболен од коронавирус.

Светската здравствена организација денеска соопшти дека лицето во Египет кај кое е потврден вирусот Ковид-19 заздравува, откако новите тестови покажале дека повеќе не е носител на вирусот.

Портпаролот на СЗО Инас Хамам рече рече дека тој ќе остане во карантин се додека не заврши периодот од 14 дена и до целосно излекување.

Египет го пријави случајот на заразен со коронавирус минатата недела.

Тоа е единствен случај на коронавирус во Африка.

Коронавирус