понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 110
home Вести

Први смртни случаи од коронавирус во Германија

Први смртни случаи од коронавирус во Германија

Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од коронавирусот, објавија германските медиуми.

Министерството за здравство во Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека станува збор за едно лице во Хајнсберг и едно во градот Есен.

Претходно, 60-годишен пожарникар од Хамбург почина вчера за време на одмор во Египет.

Според Институтот „Роберт Кох“, моментно во Германија од коронавирус се заразени 1.112 лица.

Коронавирус