петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Првата бунтовничка група се повлекува од демилитаризираната зона во Сирија

Првата бунтовничка група се повлекува од демилитаризираната зона во Сирија

Бунтовничката група Фајлак ал Шам, почна да се повлекува од демилитаризираната зона во североисточна Сирија. Тоа го соопшти Рами Абдулрахман шеф на Сирискиот центар за човекови права.

Според него, таа група е првата што одговорила позитивно на барањето да се напушти демилитаризираната зона. Тие ги повлекуваат своите борбени единици и тешкото оружје.

Таа зона е формирана по договор меѓу Анкара и Москва за да се избегне навлегувањето во неа на сириската владина армија поддржана од руски сили. (МИА)

Коронавирус