четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Прва жена уредничка на Ројтерс, најстарата светска агенција

Прва жена уредничка на Ројтерс, најстарата светска агенција

Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција.

Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во Ројтерс, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април.

Таа има долгогодишно искуство во покривање економски теми и политика, а пред да дојде во Ројтерс работеше за Волстрит журнал.

За Ројтерс моментално работат 2.450 новинари.

Коронавирус