понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 24
home Вести

Прва земја во светот која планира целосно да ја укине изолацијата за заразените

Прва земја во светот која планира целосно да ја укине изолацијата за заразените

Обединетото Кралство работи на планови што ќе значат дека луѓето кои се заразени со коронавирус нема да бидат обврзани законски да се самоизолираат, објави британски Телеграф.

Премиерот Борис Џонсон сака трајно да ги укине законите за итни случаи за коронавирусот, бидејќи бројот на случаи на коронавирус во Велика Британија продолжува да се намалува, се наведува во извештајот, пренесува Ројтерс.

Се додава дека официјалните упатства ќе останат, но нема да резултираат со парични или законски казни доколку се игнорираат.

Плановите ќе бидат разработени во наредните недели, а објавувањето се очекува на пролет, се наведува во извештајот.

Минатата недела, министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека самоизолацијата во Англија ќе се намали на пет дена од сегашните седум, доколку пациентот добие негативен тест двапати последователно

Џонсон, исто така, е подготвен да ги укине ограничувањата за коронавирусот поврзани со планот Б, кои беа воведени минатиот месец со цел да се забави ширењето на варијантата Омикрон, се вели во претходен извештај на британски Телеграф.

Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Коронавирус