недела, 20. септември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Прва во светот: Русија ја регистрираше вакцината против корона вирус, се вакцинирала и ќерката на Путин

Прва во светот: Русија ја регистрираше вакцината против корона вирус, се вакцинирала и ќерката на Путин
Foto: Tanjug/AP

Русија е првата земја во светот која што ја регистрирала вакцината против корона вирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека русија ја регистрираше вакцината против корона вирусот. Тој истакна дека министерството за здравство ја одобрило истата.

-Колку што знам, прв пат во светот, утрово е регистрирана вакцината против корона вирусот, рекол Путин.

Вакцината ја развија институтот Гамалеја и руското министерство за одбрана.

Клиничкото испитување на вакцината почнало на 18 јуни и сите 38 доброволци кои што ја примија вакцината развија имунитет.

Инаку, рускиот претседател исто така откри дека вакцината ја прими и неговата ќерка.

Коронавирус