четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Прв сомнителен случај на коронавирусот во Австралија, заразени и во Тајланд и Јапонија

Прв сомнителен случај на коронавирусот во Австралија, заразени и во Тајланд и Јапонија

Едно маж што се вратил од Кина во Австралија е ставен во карантин откако се пожалил на симптоми на корона вирусот и тој е во карантин во градот Бризбејн.

Мажот неодамна се вратил од кинескиот град Вухан, каде се регистрирани најголем број случаи на воспаление на белите дробови. Испитувањето треба да покаже дали тој се инфицирал или не од коронавирусот.

Кинеската национална здравствена комисија вчера потврди дека коронавирусот може да се пренесува од човек на човек.

Кинеските власти вчера соопштија дека е регистриран трет смртен случај и 139 нови заразени и потврдија дека вирусот се проширил и во Пекинг.

– Со ова бројот на регистрираните случаи на болеста достигна 201, а 170 пациенти се уште се во болница. Деветмина се во критична состојба, соопштија здравствените власти во градот Вухан, Централна Кина.

Случаи на болеста поврзани со новиот корона вирус веќе се регистрирани и надвор од Кина – два на Тајланд и еден во Јапонија. Сите заболени се по потекло од Вухан или неодамна го посетиле градот.

И Јужна Кореја соопшти дека е регистриран првиот случај на болеста во земјата. Тој е откриен кај Кинеска која пристигнала од Вухан.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.

Коронавирусот припаѓа на истата група како САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром).

Во епидемијата на САРС во 2002 и 2003 година починаа речиси 800 луѓе.

Коронавирус