среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Прв смртен случај од коронавирусот во Пекинг

Прв смртен случај од коронавирусот во Пекинг

Властите во Пекинг денеска потврдија за прв смртен случај во кинескиот главен град од новиот смртоносен вирус што брзо се шири низ целата земја, каде досега живот загубија повеќе од 80 луѓе и предизвика глобален аларм.

Жртвата е 50-годишен маж, кој го посетил централниот град Вухан, епицентар на епидемијата, на 8 јануари и развил треска откако се вратил во Пекинг седум дена подоцна, соопшти градската здравствена комисија.

Тој бил хоспитализиран на 21 јануари и почина денеска од респираторни компликации, соопшти комисијата.

Вкупно 80 од повеќе од 2.700 случаи се регистрирани во кинеската престолнина каде живеат 20 милиони луѓе.

Коронавирус