петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 139
home Вести

Прв случај на омикрон во Сенегал, откриен бил кај маж кој бил вакциниран

Прв случај на омикрон во Сенегал, откриен бил кај маж кој бил вакциниран

Сенегал, по Нигерија и Гана, е трета западноафриканска држава каде е регистриран првиот случај на сојот Омикрон на коронавирусот.

Новиот сој на Ковид-19 првпат беше пријавен во Јужна Африка кон крајот на ноември.

Сојот Омикрон е откриен во петокот кај 58-годишен маж кој со авион пристигнал во Сенегал на 22 ноември. Тој во април примил вакцина на Астра Зенека, а во јуни се вакцинирал со Фајзер.

Заразеното лице престојувал во хотел во главниот град на Сенегал, Дакар и учествувал на меѓународна конференција одржана во тој град. (МИА)

Коронавирус