среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Прв случај на коронавирус во Европската комисија

Прв случај на коронавирус во Европската комисија

Прв случај на коронавирус е потврден меѓу вработените во Европската комисија, изјави денеска портпаролка на Комисијата, додавајќи дека жената која се вратила од Италија се наоѓа во карантин од минатата недела.

Во Европската комисија се вработени околу 32.000 луѓе.

Минатата недела Европската агенција за одбрана, уште едно тело на ЕУ, пријави случај на коронавирус меѓу вработените, а станува збор, исто така, за службеник кој патувал во северниот дел на Италија.

Советот на ЕУ, исто така, одлучи да ги испрати дома речиси 50 вработени, бидејќи двајца биле позитивни на новиот вирус.

Европскиот парламент ја префрли пленарната седница планирана за следната недела од Стразбур во Брисел поради загриженост од коронавирусот. Се разгледува и можноста за откажување на сите седници планирани за овој месец.

Само во Белгија бројот на заразените со Ковид-19 достигна 239 луѓе.

Коронавирус