понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Прв починат од коронариусот во Европа

Прв починат од коронариусот во Европа

Досега само три смртни случаи од коронавирусот се потврдени надвор од копнена Кина.

Туристка од Кина почина во Франција поради последици од новиот коронавирус. Тоа е првата смрт од вирусот потврдена во Европа.

Жртвата е 80-годишна жена од Кина која поради коронавирусот беше хоспитализирана во Париз, потврди француската министерка за здравје Агнес Бузин.

Туристката која е од кинеската провинција Хубеи, жариштето на коронавирусот, пристигнала во Франција на 16 јануари, а во болница е примена една недела подоцна.

Досега само три смртни случаи од коронавирусот се потврдени надвор од копнена Кина – на Филипините, во Хонгконг и во Јапонија.

Коронавирус