петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Протести во Велика Британија поради одлуката на Џонсон

Протести во Велика Британија поради одлуката на Џонсон

Во Лондон и другите големи британски градови денеска се одржуваат собири против одлуката на премиерот Борис Џонсон да ја суспендира работата на Парламентот две месеца пред Брегзит.

Демонстрантите се собраа во близина на Даунинг стрит, како и во Белфаст, во Јорк и во други градови за да покажат дека ќе блокираат Брегзит без договор.

Во Лондон демонстрантите извикуваа „Борис Џонсон, срам да ти е“.

Одлуката на Џонсон за суспензија на Парламентот наиде на отпор и кај дел од пратениците кои планираа следната недела да донесат законски прописи со цел да се спречи излегување на Велика Британија од Европска Унија без договор.

Исто така, затворањето на Парламентот од страна на Џонсон се оспорува и во три одвоени судски случаи.