недела, 27. септември 2020. Вести денес: 48
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Протести во Шпанија против пресуда за сексуален напад

Протести во Шпанија против пресуда за сексуален напад

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците ширум Шпанија, откако суд ослободи петмина мажи од обвиненија за силување на млада жена за време на фестивалот со трка на бикови во Памплона 2016 година.

Петмината мажи, меѓутоа, се осудени на затворска казна поради сексуален напад, но многумина сметаат дека таа казна е премногу блага.

Според шпанскиот закон, обвинението за сексуално злоставување се разликува од обвинение за силување, во контекст дека не вклучува насилство или закани.

Петмината мажи го снимале нападот кој се случил за време на фестивалот Сан Фермин во Памплона во 2016 година.

„Срамота, срамота!” и „Не значи не“ се само некои од слоганите кои ги извикувале лутите демонстранти, кои се собраа во Мадрид, Барселона, Валенсија, Памплона и во повеќе од десет други градови ширум Шпанија.

Во Мадрид полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите кои марширале кон Конгресот извикувајќи „патријархална правда“.

Протестите почнаа спред зградата на судот во Памплона, каде се собрале луѓе кои ја подржуваат жртвата за да ја слушнат пресудата, а групите за заштита на правата на жените организирале протести на други места.

И жртвата и обвинетите најавија жалба на пресудата.

Коронавирус