вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 127
home Вести

Протести во Либан за поддршка на претседателот

Протести во Либан за поддршка на претседателот

Илјадници граѓани денеска излегоа на улиците на Бејрут за да го поддржат претседателот на Либан, Мишел Аун и политичките реформи што ги предложи.

Учесниците на собирот се собраа околу претседателската палата во Бејрут, каде што повеќе од две недели се одржуваат антивладини протести.

Аун, кој беше главна мета на демонстрантите во четвртокот, предложи Либан да го напушти повеќедеценискиот „секташки политички систем“, заснован на етнички и верски поделби и да се сврти кон граѓанското општество.

Тој истакна дека земјата се наоѓа на опасен крстопат.