понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

Протести во Франција: Жолтите елеци 21-ви викенд против Макрон

Протести во Франција: Жолтите елеци 21-ви викенд против Макрон

Демонстранти од движењето Жолти елеци денеска повторно се собраа на улиците во француските градови, 21.викенд по ред.

Париската полиција воведе повеќе мобилна и проактивна стратегија за борба против евентуално насилство.

Улицата Шанзелизе е забранета како место за собир на демонстранти, откако минатиот месец таму имаше немири.

Како што пренесуваат странските медиуми, движењето Жолти елеци, кои бараат социјална и економска правда, привлекува помалку луѓе од претходно, но се уште останува предизвик за претседателот Емануел Макрон.