петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Протести во Бразил за отповикување на Болсонаро

Протести во Бразил за отповикување на Болсонаро

Десетици илјади Бразилци во саботата повторно протестираа во неколку градови во земјата на повик на левичарските партии против зголемените трошоци за живот и побараа повлекување на претседателот Жаир Болсонаро.

Најголемите собири се одржаа во Рио де Жанеиро, Сао Паоло и Бразилија на покана на Националната кампања за отповикување на Болсонаро, поддржани од десетина левичарски партии и синдикални организации.

Врховниот суд побара отворање на неколку истраги против Болсонаро и неговите соработници, особено за ширење лажни информации.

Претходните протести предводени од левицата повикуваа на отповикување на Болсонаро поради, како што велат, неговиот лош одговор на пандемијата, а во саботата имаше реакции и за зголемување на цените на храната, гасот и горивото, како и за невработеноста.

Како што јавуваат медиумите, на 7 септември, пак, 125.000 поддржувачи на Жаир Болсонаро се собраа на митинзите во Бразилија и Сао Паоло, повеќе одошто левицата успеа да собере оваа сабота во двете регионални престолнини.

Коронавирус