четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Протест во Париз за време на полициски час

Протест во Париз за време на полициски час

Во Париз синоќа се одржа непријавен протест против новите ограничувања за време на полициски час што вчера стапи во сила вчера во главниот град на Франција.

Во регионот на Ил де Франс, каде што се наоѓа главниот град Париз, како и во осум други француски региони, синоќа стапи во сила нова мерка за полициски час, која ќе трае од 21 до 6 часот наутро секој ден во наредните четири недели.

Околу стотина учесници во протестот извикувале „слобода, слобода“ и фрлале корпи за отпадоци на улица, а по триесетина минути полицијата успеала да ги принуди насобраните да се разотидат. (МИА)

Коронавирус