среда, 5. август 2020. Вести денес: 12
home Вести

Протест во Берлин против рестрикциите поради епидемијата на Ковид-19

Протест во Берлин против рестрикциите поради епидемијата на Ковид-19

Во Берлин денеска се одржува протест против рестриктивните мерки воведени за борба против коронавирусот, под наслов „Крај на пандемијата – Ден на слободата“.

Свирејќи со свирчиња и извикувајќи пароли, насобраните луѓе, од кои само мал број носеа заштитни маски, прошетаа од Бранденбуршката капија пред протестот што ќе се одржи на поширокиот булевар.

Демонстрантите носеа плакати со пароли „Корона, лажна тревога“ и „Принудени сме да носиме муцки“ и „Природна одбрана наместо вакцинација“. Демонстрантите извикуваа дека нема да дозволат одземање на нивната слобода.

Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со Ковид-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај.

Пандемијата во Германија главно е ставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат на голем број нови случаи на зараза. (MИА)

Коронавирус