четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 130
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

ПРОТЕЧЕ СНИМКА: Светот згрозен од полициската бруталност на француските власти (ВИДЕО)

ПРОТЕЧЕ СНИМКА: Светот згрозен од полициската бруталност на француските власти (ВИДЕО)

Франција, која важи за една од најдемократските земји во светот се соочува со вистински хаос за време на протестите на „жолтите елеци“.

Протестите на „жолтите елеци” се насочени против претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата реформска политика. Со оглед на масовните протести владата го откажа воведувањето даноци на бензин и дизел планирано за 2019 година.

Околу 8 илјади безбедносни сили се распоредени во Париз, во целата земја се 89 илјади. Само во главниот град според податоци на француската полиција се уапсени околу 600 луѓе, во целата земја околу илјада. Кај осомничените биле пронајдени маски, чекани и бекатонки.

Масовното присуство на полицијата од гледна точка на демнстрантите не помагало многу за да се расчисти ситуацијата. „Ни ги зедоа маските и ни ветија дека нема ништо да ни прават. А, сега видете што прават тука”, вреска еден демонстрант. Солзите и течат по лицето.

Полицијата постојано испукува солзавец во толпата. На секое испукување демонстрантите бегаат десно и лево на тротоарите и си ги кријат устата и носот. Специјални единици маршираат низ топлата и не се воздржуваат да замавнат ако треба. Демонстрантите си помагаат меѓусебно, насекаде се гледаат непознати кои си ставаат еден на друг серум во очите.

Најдобар пример за тоа е видеото објавено на социјалните мрежи на кое може да се види како десетина полицајци тепаат еден демонстрант со очигледна намера да му нанесат тешки повреди, наместо да го уапсат.

Коронавирус