сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 78
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Прошетка која вечно ќе ја паметат: На плажа најдоа дрога вредна 92 милиони евра

Прошетка која вечно ќе ја паметат: На плажа најдоа дрога вредна 92 милиони евра

Шетачи на плажа во Англија пронашле скоро еден тон кокаин вреден 92 милиони евра. Кокаинот бил спакуван во водоотпорни вреќи кои биле врзани и лебделе во водата.

Во вреќите имало 960 килограми кокаин, а Мартин Грејс од Националната криминалистичка агенција го опиша откритието како многу значајно.

-Претпоставуваме дека дрогата е од Јужна Америка, но сега се обидуваме да утврдиме како стигнала овде и каде на крајот требало да заврши. Јасно е дека овој пронајдок ќе биде голем удар врз криминалните групи,  рече тој.

Според Грејс, во истрагата најверојатно ќе бидат вклучени и институциите од другите земји.

Коронавирус