вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 97
home Вести

Просечната плата во Шпанија е над 2.000 евра

Просечната плата во Шпанија е над 2.000 евра

За првпат просечната бруто плата во Шпанија се искачи над 2.000 евра. Тоа го покажуваат податоците на Националниот статистички институт на државата.

Јазот во платите меѓу мажите и жените се намали за повеќе од 10 отсто во 2020 година и се уште е повеќе од 358 евра, што значи дека жените во просек заработуваат 16 отсто помалку од мажите. Просечната плата за мажи е 2.210 евра, а за жени – 1.851 евро.

Според статистичарите, една од главните причини за оваа разлика е тоа што „жените често работат со скратено работно време, со привремени договори и на пониско платени позиции“.

Другиот заклучок е дека колку работниците се постари и подобро образовани, толку им е поголема платата – 61 отсто од вработените до 25 години имаат месечна плата под 1.336 евра, додека за 24 отсто од лицата постари од 55 години таа е 2.295 евра.

Најниски плати има во хотелиерството и услугите, а највисоки се во финансискиот и осигурителниот сектор и во областа на образованието.

Коронавирус