петок, 25. септември 2020. Вести денес: 87
home Вести

Пропаѓа еден од најпопуларните ланци за брза храна

Пропаѓа еден од најпопуларните ланци за брза храна

Еден од најпопуларните ланци за брза храна во светот, Сабвеј во моментот се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата историја.

За време на минатата година, морале да затворат дури 909 филијали во Соединетите Американски Држави, а оваа години планирано е затворање на уште 500.

Во овие тешки моменти за компанијата, од Сабвеј излегува и Сузан Греко, главната директорка на компанијата која таму помина цели 45 години.

Таа е сестра на покојниот коосновач на Сабвеј, Фред ДеЛук.

Сопствениците на франшизата мислат дека со нејзиното заминување е вистинско време компанијата да го промени начинот на работење.

Коронавирус