четврток, 6. август 2020. Вести денес: 63
home Вести

Пронајдени половина тон кокаин во авионот што се урна во Папауа Нова Гвинеја

Пронајдени половина тон кокаин во авионот што се урна во Папауа Нова Гвинеја

Малиот авион што минатата недела полета за Австралија и набрзо по полетувањето се урна во Папуа Нова Гвинеја, носел повеќе од 500 килограи кокаин, соопштија денеска австралиските власти.

Полицијата на Австралија и на Папуа Нова Гвинеја соопштија дека пронашле 28 пакети кокаин на повеќе локации и уапсени се пет лица осомничени за илегална трговија со дрога. Тие се членови на криминална група од Мелбурн, која наводно е поврзана со италијанскиот организиран криминал. Осомничените можат да бидат осудени на доживотна казна затвор.

Вредноста на пронајдениот кокаин се проценува на 57 милиони австралиски долари. (МИА)

Коронавирус