четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 144
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Пронајдени двајца членови на екипаж по уривањето на американските воени авиони кај јапонскиот брег

Пронајдени двајца членови на екипаж по уривањето на американските воени авиони кај јапонскиот брег

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека досега се пронајдени двајца членови на екипаж во водите крај брегот на Јапонија, каде се урнаа два авиони на американскиот Марински корпус.

Прво е откриен еден маринец, чија состојба е стабилна, а по кусо време и вториот, чија состојба за сега не е позната.

Други детали за останатите петмина членови на екипажите засега нема.

Маринскиот корпус на САД претсходно соопшти дека борбен авион Ф/А 18 и авион за дополнување гориво КЦ-130, во кои имало вкупно седум членови на екипажи денеска се урнале кај брегот на Јапонија.

Авионите полетале од воздухопловната база на Маринскиот корпус Ивакуни, во близина на Хирошима, и спроведувале редовна обука кога дошло до несреќата, соопшти Маринскиот корпус.

Во потрагата по исчезнатите војници веднаш се вклучиле и јапонски авиони за потрага и спасување.

МИА

Коронавирус