недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдени 44 раскасапени тела, се сомнева дека се убиени студенти

Пронајдени 44 раскасапени тела, се сомнева дека се убиени студенти

Фрлени во бунар во мексиканската покраина Халиско во близина на градот Гвадалахара, полицијата најде фрлени остатоци од човечки тела, за кои форензичарите утврдиле дека им припаѓаат на 44 луѓе.

Човечките остатоци што спакувани во 119 црни кеси, а биле откриени на почетокот на месецов, кога мештаните почнале да се жалат на смрдеа.

Се верува дека станува збор за студенти кои исчезнале во 2014 година и кои се убиени во заедничка операција на корумпираната полиција и нарко бандите.

Халиско е познат по тоа што таму имаат седиште најнасилните мексикански нарко картели и ова е втора голема гробница најдена во регионот оваа година.

Коронавирус