среда, 23. септември 2020. Вести денес: 129
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Пронајдени 25 слепи патници во контејнер ладилник на пат кон Велика Британија

Пронајдени 25 слепи патници во контејнер ладилник на пат кон Велика Британија

Во контејнер замрзнувач на бродот кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација Ријмонд Велиг.

На групата слепи патници им помогнале холандските служби за вонредни ситуации, а двајца биле пренесени во болница, додека останатите 23 биле однесени на „полициска локација“, се вели во соопштението на организацијата.

Бродот требало да исплови од холандското пристаниште Влардинген кон Феликстоу во Велика Британија.

Екипажот на бродот соопштил дека немало жртви, а во потрага за евентуално други слепи патници се користат кучиња трагачи.

Холандската телевизија НОС јави, повикувајќи се на неименуван полициски портпарол, дека станува збор за траект што се упатил кон Влардинген, близу Ротердам, откако биле откриени слепите патници.

Тие беа откриени скоро еден месец откако телата на 39 Виетнамци беа пронајдени во камион со ладилник во англискиот град Грејс.

Коронавирус