понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Пронајден мртов пилотот обвинет за уривање на малезискиот авион над Украина

Пронајден мртов пилотот обвинет за уривање на малезискиот авион над Украина

– Украинскиот пилот Владислав Волошин, кого Русија го обвини дека го соборил малезискиот авион над Украина во 2014 година, е пронајден мртов во неговиот стан.

Авионот Боинг 777 на авиокомпанијата „Малезија Ерлајнс“ на лет од Амстердам кон Куала Лумпур, на 17 јули 2014 година се урна над териротијата на Украина, при што загинаа вкупно 298 патници и членови на екипажот.

По 15-месечна истрага, холандската безбедносла служба заклучи дека авионот се урнал откако бил погоден со ракета земја-воздух од типот БУК од руско произвоство.

Украинската армија и проруските бунтовници во источна Украина, кои во тое време водеа жестоки борби, меѓусебно се обвинуваа за уривање на авионот. Киев тврдеше дека ракетата ја истрелале проруските бунтовници или руски војници мислејќи дека станува збор за украински авион, додека Москва обвини дека Боингот го соборил пилотот Волошин.

Волошин, кој во тоа време беше пилот на авион Су-25 на Военото воздухиопловство на Украина, ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека е жртва на „руската пропаганда“.

Според украинските медимуми, 33-годишниот Волошин бил пронајден мртов со прострелна рана во неговиот стан во местото Миколајев.

Украинската полиција официјално започна истрага за убиство, но полициски извори тврдат дека Волошин се самоубил, наведувајќи дека кога неговата сопруга слушнала истрел веднаш дотрчала во собата и повикала брза помош. Кога лекарите пристигнале само констатирале смрт.

Пријатели на Волошин изјавија дека тој во последно време бил во депресија.

Коронавирус