четврток, 5. август 2021. Вести денес: 151
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Пронајден е тигар во Америка кој талкал низ градот седум дена

Пронајден е тигар во Америка кој талкал низ градот седум дена

Деветмесечен бенгалски тигар кој исчезна пред една недела е пронајден во предградијата на Хјустон, потврди полицијата.

Тигарот ќе биде предаден на прифатилиште за животни, пренесува Би-Би-Си.

Како што се наведува, не е јасно каде било животното минатата недела, а началникот на полицијата, Рон Борац, вели дека верува дека животното шетало по куќите и дека има среќа што тигарот е многу питом.

На социјалните мрежи се појавија снимки од тигар кој талка по улиците на Хјустон.

Тигрите вообичаено не се дозволени во границите на Хјустон, иако во многу делови на државата е дозволено под одредени услови.

Коронавирус