четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Прогласија победа на коронавирусот – три недели немаат ниту еден случај

Прогласија победа на коронавирусот – три недели немаат ниту еден случај

Отпрвин се чинеше дека е резултат на чиста среќа, но сега се чини дека било успешна стратегија, вели премиерот на Фарски Острови Бардур Штајг Нилсен.

Фарските острови прогласија победа над коронавирусот на 26 февруари. Повеќе од три недели немаат нови случаи на инфекција. Од јули 2020 година, групата острови во Северен Атлантик има три бранови и секој пат кога бројот на случаи рапидно опаѓа. Отпрвин, се чинеше дека е резултат на чиста среќа, но сега се чини дека сепак е успешна стратегија, изјави премиерот на Фарски Острови Бардур Штајг Нилсен за Гардијан.

Одговорот на данската автономна покраина на пандемијата беше многу сличен на стратегијата на другите земји: тестирање, следење контакти, заклучување, кампања и реорганизација на здравствениот сектор. Премиерот Нилсен смета дека нивниот пристап бил единствен.

За разлика од другите влади, тие многу рано одлучија дека ќе влијаат на своите граѓани преку давање препораки наместо со издавање обврзувачки налози. Дека довербата раѓа доверба се покажа вистинита во нивниот случај. Фарската влада беше убедена дека законското ограничување на однесувањето на граѓаните ќе резултира со полош исход отколку што имаат денес.

Сепак, стратегијата заснована на доверба не беше единствената причина зошто тие успеаја да го елиминираат Ковид-19. Нивното управување со пандемијата во текот на пролетта и летото беше уникатно заради ефикасноста на тестирањето. Тие имаа највисока стапка на тестирање по глава на жител минатата година. Тие тестираа до 2 проценти (или 1.000 луѓе) од вкупното население од 50.000 жители секој ден, а во јуни ги тестираа сите патници кои дојдоа на островите на аеродромот, со препорака сите да бидат повторно тестирани за шест дена.

Кога започна пандемијата, ветеринарите предложија нивните лаборатории да се прилагодат на новонастанатата ситуација, така што луѓето во нив ќе можат да бидат тестирани за Ковид. Имаше соработка помеѓу приватните лаборатории и јавното здравство, така што тие ги зголемија своите капацитети за тестирање и до август можеа да тестираат 5-7 проценти од населението. Во комбинација со следење на контакти и стратегија за изолација, тие успешно го потиснаа ширењето на инфекцијата.

Коронавирус