сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Вести

Продолжува штрајкот на француската железница

Продолжува штрајкот на француската железница

 Францускиот железнички синдикат најави продолжување на штрајкот кој го наруши железничкиот сообраќај низ Франција, иако постојат сигнали за постигнување компромис во преговорите со Владата.

Премиерот Едуар Филип се состана со синдикатите со цел да разговораат за амандманите на законот за реформа на националната железничка компанија СНЦФ и нејзиниот долг од 50 милијарди евра.

Претставникот на влијателниот левичарски синдикат ЦГТ, Лорен Брин по состанокот изјави дека штрајкот ќе продолжи. – Нема расправа за тоа, рече Брин.

Сепак, другите лидери на синдикатите гледаат позитивни знаци. Лик Бериј од синдикатот на УНСА рече дека во Владата  „слушнале“ за грижите на неговиот синдикат, а Лоран Бергер од синдикатот ЦФДТ рече дека премиерот е отворен за продолжување на преговорите.

Штрајковите ќе продолжат денеска и ќе траат до четврток наутро. Ќе се одвиваат до крајот на јуни.

МИА

Локални избори 2021