четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 61
home Вести

Продолжува да се шири пожарот во јужна Португалија

Продолжува да се шири пожарот во јужна Португалија

Пожарот, што веќе седум дена беснее во реонот Алгарве во јужна Португалија, продолжува да се шири и веќе достигна периметар од 100 километри, досега уништувајќи 21.000 хектари површина.

Во гаснењето на огнот учествуваат околу 1.300 пожарникари и војници, потпомогнати од хеликоптери и авиони, меѓутоа според претставници на противпожарната служба, мали се шансите пожарот да биде изгаснат во блиска иднина.

Пожарот минатата ноќ се проширил на борова и еукалиптусова шума, доближувајќи се до едно село во близина на градот Силвеш, чии жители биле евакуирани.

Чадот од огнената стихија вчера стигна и до плажите во Алгарве, но ветерот што денеска дуваше од северен правец го расчисти воздухот,

Во пожарот, што избувна минатиот петок, досега се повредени 36 лица, меѓу кои и 16 пожарникари.

МИА

Коронавирус