понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Процесот на вакцинација во дел од државите во светот е веќе во тек

Процесот на вакцинација во дел од државите во светот е веќе во тек

Водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, ја прими првата доза од најновата вакцина против коронавирус на американската компанија „Модерна”, која беше одобрена за употреба во итни случаи минатата недела.

Доктор Фаучи пред камерите рече дека се чувствува добро и дека јавното примање на вакцината „е симбол за остатокот од земјата“.

„Сакам со ова да ја покажам екстремната доверба во безбедноста и ефикасноста на вакцината, да ги охрабрам сите кои имаат прилика да се вакцинираат, да го сторат тоа, да се заштитат и да заврши оваа пандемија. Во јануари го откривме вирусот, а веќе сега ја имаме и вакцината која е дадена како избор за сите, вклучувајќи ме и мене. И затоа ми е чест да бидам дел од овој процес“,вели Ентони Фаучи, епидемиолог.

Вакцинацијата на Фаучи беше проследена со аплауз, вакцина примија и секретарот за здравство Алекс Азар, директорот на Националниот институт за здравство, Францис Колинс и неколкумината здравствени авторитети кои го следеа развојот на вакцината.

Со вакцините на „Модерна” и на Фајзер и БиоНТек, САД сакаат да ја забрзаат најголемата кампања за вакцинација во својата историја, за што поскоро надминување на пандемијата во која починаа над 320.000 луѓе.

Германскиот производител на вакцини Бионтек објави дека ЕУ денеска ги добива првите пратки на вакцини против коронавирус. До крајот на годината за Унијата ќе бидат обезбедени 12,5 милиони дози. Вакцините треба да се дистрибуираат во секоја земја-членка до сабота, додека вакцинацијата би можела да започне во недела, најавија од компанијата.

Хрватска во првиот контингент ќе добие 9.750 дози, а имунизацијата ќе почне веќе недела.

„Хрватскиот завод за јавно здравство изготвува план за дистрибуција на првите дози вакцини за коронавирус кои пристугнуваат на 26ти декември. Пристигнуваат 9.750 дози на вакцини. Откако агенцијата за лекови и медицински производи ќе издадат согласност, вакцинирањето започнува на 27, 28 и 29 декември.“истакна Вили Берош, министерот за здравство на Хрватска.

Во регионот, вакцината на Фајзер веќе пристигна во Србија, а имунизацијата ќе почне од утре најави претседателот Александар Вучиќ и додаде дека најпрво ќе се вакцинираат во домовите за стари лица, со нив заедно и некој од државниот врв, со цел да им се испрати на граѓаните порака за потребата од вакцинација и за безбедноста на вакцината на Фајзер.

„Дали Ана Брнабиќ, јас, Дарија Кисиќ… Ќе видиме. Некого ќе ‘оставиме’ и за некоја друга, да ѝ дадеме поддршка на секоја вакцина, дека секоја е добра. Ако успееме до крајот на јануари да завршиме со вакцинирање милион луѓе со првата доза, тоа ќе биде важно“,изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Претседателот на Србија изрази верување дека земјата најверојатно ќе започне масовна вакцинација кон средина на јануари, доколку сè оди добро со испорака на вакцините.

Коронавирус