среда, 5. август 2020. Вести денес: 176
home Вести

Проценето: Скоро над 80 отсто од заразените со коронавирусот во Рим се од странство

Проценето: Скоро над 80 отсто од заразените со коронавирусот во Рим се од странство

Околу 80 проценти од новите случаи на коронавирус во Рим се позитивни случаи од странство, тврдат здравствените власти во Лацио.

Според локалните медиуми, 12 лица позитивни на Ковид 19 се поврзани со летови од Бангладеш, еден е утврден по враќање од Украина, потоа една жена од Мексико, маж од Црна Гора и маж од Авганистан.
Здравствените власти посочуваат дека ова е индикација дека контролата на влез и изолацијата се клучни во оваа фаза од борбата против вирусот.

Италија привремено забрани влез од 13 земји, за кои смета дека се ризични, вклучително и Црна Гора и Македонија.

Во Лацио, регионот на главниот град на Италија, има повеќе од 900 активни случаи на кКовид- 19, од кои околу 700 се изолирани дома, а околу 200 се во болница. (МИА)

Коронавирус