вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Проблеми во Даблин поради снегот, распоредени лебот и млекото

Проблеми во Даблин поради снегот, распоредени лебот и млекото

Студениот бран и снежните врнежи го нарушија патниот и воздушниот сообраќај ширум Велика Британија, а ирските медиуми јавуваат дека во Даблин се распродадени речиси сите количества леб, млеко и компири во исчекување на бурата „Ема“.

Температурата се спуштила на минус 12 степени Целзиусови, со што денеска е еден од најстудените денови за ова време од годината во последните три децении.

Стотици училишта се затворени, јавниот сообраќај фунционира на минимум, откажани се стотици летови, а од железницата ги предупредија патниците дека се можни доцнења.

Ирските портали објавија дека во супермаркетите владее манија за леб, млеко и компири, но и дека во некои продавници се распродадени сите количества од овие продукти.

Во Ирска е објавено највисоко црвено предупредување за пет области во источниот дел, вклучувајќи го и Даблин, каде во текот на ноќта паднале меѓу пет и 10 сантиметри снег.

Метеоролозите во Шкотска најавуваат дека во повисоките реони се очекува и до 40 сантиметри снег, а во Ирска се очекуваат наголеми снежни врнежи од 1982 година.

Во западниот дел на Англија од Португалија и Франција се очекува и доаѓање на бурата „Ема“ која би донела уште снежни врнежи.

Од Балтикот до Медитеранот, Европа e на удар од ледениот бран од Сибир, во кој за четири дена се регистрирани најмалку 24 жртви.

Жртви има во Полска, Франција, Чешка, Романија, Италија и Естонија.

Студениот бран британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните – „Сибирска мечка“, Швеѓаните – „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“.

Коронавирус