вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

Пробив на Коронавирусот во Италија: Можни засегнати Македонци!

Пробив на Коронавирусот во Италија: Можни засегнати Македонци!

Денеска властите во Италија се на полна оперативна готовност откако во Италија избувна појавата на Коранавирусот кој што според последните информации е причина за 52 заболени лица и 4 смртни случаи- вчера и денес, објавува Брегалнички.мк

Пробивот на Коронавирусот е застапен во регионите на Ломбардија со главен град Милано и Венето со главен град Венеција во северниот дел на Италија.

Претседателот на Италија Џузепе Конте веќе имаше свои состаноци со гувернерите на овие два региони Атилио Фонтана и Лука Заја, по што заседаваше со состанокот на Комитетот за цивилна заштита каде беа оценети досегашните состојби и предложени нови вонредни мерки за заштита од ширењето на Коронавирусот на пошироки подрачја.

На состанокот на Комитетот присуствуваа првиот човек на Одделот за цивилна заштита, Анџело Борели, министерот за здравство, Роберто Сперанза, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи Ди Мајо, министерот за инфраструктура и транспорт, Паола Де Микели, Министерот за внатрешни работи Лусијана Ламорс и министерот за културно наследство и активности и туризам, Дарио Франчешини.

Притоа Џузепе Конте упати пораки со сочувство за семејствата на починатите лица како резултат на компликации од заразувањето со Коронавирусот.

Издадена е наредба за повеќе од 50.000 жители на погодените региони да останат во своите домови.

Готовноста на сите институции во Италија е подигната на највисоко можно ниво во текот на денешниот ден.

Од компликации починале 75 годишна старица близу малиот град Кодоњо во Ломбардија. Нејзината смрт настапила во раните утрински часови, по смртта на 78 годишниот маж кој почина вчера во регионот Венето.

Ова се првите жртви на Коронавирусот во Европа.

Центарот на заразата бил 38 годишен пациент кој што се сретнал со човек кој се вратил од Кина на 21-ви Јануари, информираа здравствените власти во Италија. Заразениот веднаш бил хоспитализиран но неговата жена и негов пријател исто така биле со позитивни наоди на заразеност од Коронавирусот.

По пробивот на вирусот повеќе градови во овие два региони се под целосен клуч со целосна забрана за движење за жителите, со што градовите наликуваа како напуштени места.

Натпреварот помеѓу фудбалските клубови Асколи и Кремонезе беше планиран за попладнево, но истиот беше откажан поради заразата.

Во болницата во Кодоњо била запечатен посебен простор за карантин.

Во овие два региони познато е дека претстојуваат и работат голем број на Македонски граѓани особено од Источниот дел на државата (регионот на Пијанец и Брегалничкиот регион), но се уште нема никакви информации од страна на Македонските власти за поврзаност или изложеност на наши сограѓани на Коронавирусот.

Дополнително нема никакви информации за мерките кои ги превземаат надлежните во овие услови на можно високо ниво на потенцијална изложеност на заразата со Коронавирус.

Голем број на семејства од Брегалничкиот регион информациите за состојбата на членовите на нивните семејства кои се наоѓаат на претстој или работа во овие погодени два региони во Италија ги добиваат преку директна комуникација со своите роднини и пријатели, по што ги загрижува молкот на Македонските институции за можната кризна состојба.