сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 129
home Вести

Приврзаниците на Трамп протестираат низ САД : Престанете со изборната измама (ВИДЕО)

Приврзаниците на Трамп протестираат низ САД : Престанете со изборната измама (ВИДЕО)

Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп протестираа вчера вечер против резултатите за кои сметаат дека се наместени и украдени и се судрија со контра-демонстрантите додека продолжува пребројувањето во клучните држави.

Во Аризона, една од клучните држави каде има тесна трка меѓу Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден, приврзаниците на Трамп се собраа пред изборната комисија на округот Марикопа во Феникс.

Некои накратко бркале човек кој држел транспарент на републиканскиот претседател како нацистичка свиња зад сцената каде зборувал десничарскиот лидер Алекс Џонс.

Полицијата интервенирала откако мажот и неговата мала група демонстранти биле опколени од активисти на Трамп, изјавил сведок за Ројтерс. Нема информации за повредени.

„Се обидуваат да ги украдат изборите, но Америка знае што се случи и возвраќа“, им порача Џонс на околу 300 собрани луѓе. „1776 година е одговор на 1984 година“, додаде Џонс, осврнувајќи се на Американската декларација за независност и утопискиот роман на Џорџ Орвел.

Протестите се одржуваат насекаде, помали и претежно мирни откако Американците излегоа на гласање во вторникот.

Приврзаниците на Бајден го користат слоганот „сметајте го секој глас“ и велат дека целосните и точни резултати во преостанатите клучни држави ќе покажат дека поранешниот потпретседател ги освои 270-те електорати потребни за победа.

Трамп постојано изјавува, без никакви докази, дека гласањето по пошта е подложно на измама, иако експертите за избори велат дека тоа е реткост на изборите во САД.

Најмалку 400 демонстранти се собраа пред Изборниот оддел на округот Кларк во Лас Вегас. Се пееја патриотски песни и се вееја американски знамиња и слики на Трамп. Бајден води тесно во Невада и гласовите продолжуваат да се бројат.

Во Вашингтон, поворка од автомобили и велосипеди организирана од активисти од групата Shutdown DC марширале низ улиците на главниот град и протестираше против „нападот на Трамп врз демократскиот процес и оние што го дозволуваат тоа“.

Локални избори 2021