вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 21
home Вести

Приведени 9 лица кои подготвувале терористички напад

Приведени 9 лица кои подготвувале терористички напад

Холандската полиција приведе девет лица во Ајндховен под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти холандското Обвинителство.

Сите осомничени имаат холандски пасоши, и се на возраст меѓу 18 и 31 година. Осум од нив се родени во Холандија, еден во Авганистан. Приведените биле поддржувачи на идеите на терористичката организација ИД, соопшти обвинителството.

Лицата биле приведени вчера кога се извршени претреси во голем број домови. Во нив не е пронајдено оружје или експлозив.

Локални избори 2021