недела, 16. мај 2021. Вести денес: 7
home Вести

Припадници на ИД обезглавија тројца браќа

Припадници на ИД обезглавија тројца браќа

Тројца браќа се обезглавни од припадници на ИД во источната провинција Нангахрхар, изјави портпарол на провинцијата Атаулај Когијан.

Тој изјави дека браќата биле убиени во саботата во областа Чапархар, во провинцијата Нангахрхар, која е главно упориште на ИД во Авганистан.

Најстариот брат Нисар Тареливал (27) бил лекар во приватна клиника, додека средниот Наим (24) работел на вакцинација, а најмладиот Абдул Вахаб (19) бил студент на медицина.

Когијани наведе дека таткото на жртвите, кој е исто така лекар, ИД минатата година го убила на ист начин, со сечење на главата.

Во одвоен инцидент ИД киднапирала 11 фармери во областа Родат, а подоцна пуштила двајца.

Коронавирус