недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

Принцот Карл Филип и принцезата Софија од Шведска се заразени со коронавирус

Принцот Карл Филип и принцезата Софија од Шведска се заразени со коронавирус

Шведскиот принц Карл Филип и неговата сопруга се во изолација откако со тестирање е потврдено дека се позитивни на коронавирус, објави палатата во четвртокот.

41-годишниот принц и 35-годишната принцеза Софија имаат благи симптоми на грип и добро се чувствуваат, се вели во соопштението.

Карл Филип, четврти во наследниот ред за престолот, се ожени со Софија Хелквист во 2015 година и имаат два сина кои исто така се во изолација.

Палатата објави дека лекарот од кралскиот двор започнал да ги бара нивните контакти.

Кралот Карл Густаф Шеснаесетти, кралицата Силвија, престолонаследничката Викторија, постарата сестра Карла Филипа и сопругот на Викторија, принцот Даниел, ќе бидат тестирани во текот на денот.

Кралското семејство последен пат било заедно во петокот на погребот на постариот брат на кралицата Силвија.

ФОТО: EPA-EFE/JON OLAV NESVOLD

Коронавирус