сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пријателот од џудо на Путин тврди дека е сопственик на контроверзната палата (ВИДЕО)

Пријателот од џудо на Путин тврди дека е сопственик на контроверзната палата (ВИДЕО)

Две недели по објавувањето на филмот „Палатата на Путин“ рускиот бизнисмен Аркадиј Ротенберг твди дека тој го поседува луксузниот недвижен имот. „Веќе не е тајна”, објави тој на комуникациската апликација „Телеграм“.

Ротенберг, кој во 2019 година ја продаде компанијата за изградба на гасоводи “Stroygazmontazh” за износот што се проценува на 990 милиони долари, рече дека ја купил палатата пред две години.

Ротенберг е близок доверлив човек и поранешен партнер во џудо на претседателот Владимир Путин. Овој 69- годишник се смета за еден од најбогатите луѓе во Русија. Исто така е на списокот на Русите санкционирани од Западот по војната во источна Украина, потсетува ДПА.

Во понеделникот, Путин негираше дека имотот му припаѓа нему или на неговите блиски роднини. Следниот ден Кремљ објави неименувани претприемачи како сопственици. Ротенберг раскажа за замокот на Телеграм.

“Тоа е дар од рајот. Местото е прекрасно” – забележа тој.

Од прес-службата на Ротенберг за Интерфакс изјавија дека во тек е изградба на хотел на локацијата. Имотот, вклучувајќи ја и палатата, е скоро 40 пати поголем од Монако. Според истрагата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални него го користи рускиот претседател Владимир Путин, кој го стекнал со назначени лица. Според лидерот на опозицијата, сопственичката структура е намерно маскирана.

Видеото е прегледано над 103 милиони пати на Јутјуб и го стави Кремљ под притисок. Освен затворањето на Навални, филмот е уште една причина за масовните протести во Русија минатиот викенд и тие што се најавуваат утре.

ЕУРО 2020

Македонија