четврток, 25. април 2019. Вести денес: 9
home Вести

При Брегзит без договор во Германија 100.000 луѓе ќе останат без работа

При Брегзит без договор во Германија 100.000 луѓе ќе останат без работа
epa06566509 Pro EU protesters wave a joined EU and Union flag outside of the British Parliament in Westminster, central London, Britain, 26 February 2018. Media reports state on 26 February 2018 that forecasts for the British economy are gloomy with the uncertainty over Brexit. EPA-EFE/ANDY RAIN

Излегувањето на Велика Британија од Европска унија без договор би можело да ја чини Германија 100.000 работни места, покажува најновото истражување објавено во „Велт ам Зонтаг“.

– Ниту во една друга земја ефектот на вкупната вработеност не е така голема како во Германија, истакна еден од авторите на истражувањето Оливер Холтемоелер.

Тој додаде дека со истражувањето се опфатени само тие ризици за губење на работните места, кои се резултат на падот на извозот поради новите царини на увоз во Велика Британија во случај на нерегулиран Брегзит, а не се земени предвид ризиците по пазарот на трудот поради губење на интерес за вложување.

Најверојатно автомобилската индустрија во Германија ќе биде најпогдена со намалување на извозот во случај на нерегулиран Брегзит. Во однос на бројот на вработени најпогодени би биле фабриките Фолксваген во Волфсбург и Бе-Ем-Ев во Баварија односно околу 800 лица би можеле да го загубат работното место.

Според истражувањето, 612.000 луѓе ширум светот би можеле да ја изгубат работата во случај на Брегзит без договор.