вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 37
home Вести

Преживеал голгота која траела премногу долго: Живеел како роб во ужасни услови

Преживеал голгота која траела премногу долго: Живеел како роб во ужасни услови

Маж, жртва на модерно ропство, е спасен по цели 40 години поминати во шупа од два квадратни метри, во Камбрија, Англија, соопштиле британските власти.

Станува збор за педесет и осумгодишен Британец, кој скоро половина век живеел во шупата во која имало само столче и импровизиран кревет. Откако по дојава човекот бил пронајден, бил предаден на медицинска екипа за да ја проверат неговата здравствена состојба.

Во врска со случајот е уапсен 79-годишен маж за кој постои сомнеж дека го држел Британецот како роб, кој работел за него без пари од неговата 17 година.

-Добивме информација дека човекот бил чуван како роб во шупата 40 години. Кога го најдовме, тој беше како зајак исправен пред силно светло и беше многу збунет. Во просториојата немаше греење и многу беше ладно. Тоа се услови во кои ниту едно човечко суштетсво не би смеело да живее – посочиле надлежните кои го пронашле Британецот.

Надлежните не се сигурни дали човекот некогаш се обидел да побегне. Тој бил трауматизриран долг период и ќе биде потребно многу време за да се придобие неговата доверба и да се социјализира. Тие уште додаваат дека во нивната долгогодишна кариера не се сретнале со ваков случај и дека ова случај со најдолг период на заложништво.

-Ова е екстремно тажен и многу сериозен случај – заклучуваат.

Коронавирус