среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 48
home Вести

Претставници на талибанците и на ЕУ на состанок утре во Доха

Претставници на талибанците и на ЕУ на состанок утре во Доха

Талибански претставници ќе се сретнат со претставници на ЕУ во Доха утре, објави денеска нивниот министер за надворешни работи. Тоа е уште еден чекор во напорите на новиот авганистански режим да ја прекине дипломатската изолација.

„Утре (вторник) ќе се сретнеме со претставници на ЕУ. Имаме позитивни средби и со претставници на други земји”, рече Амир Кан Мутаки на конференција во главниот град на Катар. Тој не прецизира за кои претставници на ЕУ станува збор или нивниот број.

Локални избори 2021