петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

Претставен првиот електричен авион во светот

Претставен првиот електричен авион во светот

Русија ќе го претстави првиот авион со електричен мотор на саемот МАКС 2021, што ќе се одржи од 20 до 25 јули во Жуковски во московскиот регион.

Оваа информација ја потврди вицепремиерот Јуриј Борисов.

-Овој проект беше направен со Фондот за напредни студии. Електричниот авион што ќе го претставиме се заснова на принципите на суперспроводливост, додаде Борисов.

Електричниот мотор е дел од хибридниот погонски систем, развиен од Рускиот централен институт за мотори на авиони (CIAM).

Овој иновативен електричен мотор се базира на суперпроводници со висока температура со моќност од 500 kW, а тестовите на него започнаа на 5 февруари.

Според извршниот директор на CIAM, Михаил Гордин, ова е еден од најважните проекти во модерната авијација. Тој додаде дека употребата на високотемпературната платформа за суперспроводливост (HTSP) е дизајнирана да реши голем број технолошки проблеми со кои веќе се соочува воздушниот сообраќај.

Андреј Вавилов, претседател на Управниот одбор на „Суперокс“, посочи дека руските научници се првите во светот што започнале со тестирање на мотор на електричен авион базиран на HTSP.

-Развојот на таков проект е резултат на долгогодишно истражување и тестирање. Зад нас се стотици произведени прототипови и десетина тестирани и произведени примероци на мотори со различна моќност, истакна Вавилов.

Планирано е оваа нова технологија да се искористи за дизајнирање мотори и енергетски комплекси за целосно електрични авиони и хеликоптери, пишува „Русија денес“.

ЕУРО 2020

Македонија