понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Претседателски и парламентарни избори во Нигер

Претседателски и парламентарни избори во Нигер

Повеќе од 7,4 милиони граѓани на Нигер со право на глас денеска треба да одлучат за еден од 30 претседателски кандидати, а ќе гласаат и за 171 пратеник.

Новиот претседател на Нигер ќе се соочи со голем број проблеми, вклучително екстремизмот, сиромаштијата, раселените лица и коруцијата.

Нападите на екстремистите влијаеа и врз локалните иозбори одржани пред две недели откако припадници на Боко Харам убија над 28 луѓе во регионот Дифа, еден ден пред гласањето. Нигер се соочува и со се поголемиот број на напади од екстремистите на Исламска држава и Ал Каеда.

Во Нигер се убиени илјадници луѓе, а стотици илјади се раселени и покрај присуството на регионални и меѓународни сили.

Помеѓу фаворитите за иден шеф на државата е поранешниот министер за надворешни работи Мохамед Базоум со Партијата за демократија и социјализам на актуелниот претседател Махамао Исуфу.

Базоум, кој е учител по професија, вети дека ќе изгради интернат за девојчиња, со целл да ги одврати од малолетнички брак.

Додека поранепшниот шеф на државата, кој изведе воен удар во 2010 година, пензионираниот генерал Салоу Џибо најави дека ќе се бори против екстрремизмот.

Ибрахим Јакубу, поранешен министер за надворешни работи, кој беше исклучен од владејачката партија поради недисциплина, најави борба против корупцијата.

Но, најголема конкуренција на Базоуму е поранешниот претседател на Нигер, Махамане Оусмане, кој има поддршка од опозицискиот лидер Хаме Амадоу, чија кандидатура беше одбиена од Иставниот суд поради едногодишната затворска казна поради трговија со бебиња. Амадоу ги негираше обвинувањата тврдејќи дека се политички мотивирани.

Ако ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите на 21 февруари ќе се одржи втор круг од претседателските избори.

Исуфу беше претседател на Нигер два мандата и заминува од власт. Демократскиот пренос на власта ќе биде значајно не само за Нигер туку и за Западна Африка, каде лидерите на Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска освоија трет спорен мандат.

Нигер доби независност од Франција во 1960 година.

Коронавирус