среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 39
home Вести

Претседателот на Салвадор сам се нарече диктатор

Претседателот на Салвадор сам се нарече диктатор

Претседателот на Салвадор, Наџиб Букеле, ја додаде титулата „диктатор“ во својата биографија на Твитер, со цел да ги исмее неговите политички противници кои го обвинуваат за искористување на моќта, пренесува АП.

Откако почнаа да кружат гласини на социјалните мрежи за можен хакерски напад на Твитер профилот на Букеле, претседателството на Ел Салвадор изјави дека младиот шеф на државата самиот го напишал описот.

40 -годишниот Букеле, кој е на власт од 2019-та година, ужива голема популарност откако ги победи традиционалните партии што владееја со земјата 30 години.

Сепак, неговите авторитарни склоности предизвикаа големи критики од противниците и меѓународната заедница.

Инаку, Букеле на Твитер се дефинираше како „Божји инструмент за историјата“ во Ел Салвадор.

Букеле алудираше на неговата победа на претседателските избори во 2019-та година и на победата на неговата партија и сојузниците, кои освоија огромно мнозинство на парламентарните избори во 2021 година.

Локални избори 2021